Возач на електричен тротинет пренесен во болница откако во него удрил автомобил

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Четириесет годишен возач на електричен тротинет е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 8 часот наутро.

„На 19.10.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Никола Парапунов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(43) од Скопје и електичен тротинет управуван од Д.К.(40) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Граѓаните се жалат од безбедноста на електричните тротинети, од компанијата велат редовно се сервисираат

 

Над 80 луѓе повредени во сообраќајни несреќи со електрични тротинети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот