Вонредна информација на ЦУК: Опасност за излевање на поголема количина на вода на патот Кавадарци – Прилеп

Фото: Архива СП

Надојдена е поголема количина на вода со опасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.

„РЦУК Кавадарци излезе со вонредна информација. Според информацијата добиена од 112, во 18,21 часот, на регионалниот пат од Кавадарци – Прилеп, кај тунелите, од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода, со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци, кое извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот – Сино Хидро, ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот“, се вели во известувањето од Центарот за управување со кризи.

Инаку невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Велес. За многу кратко време улиците во Велес се претворија во реки кои носеа камења, дрва, но и отпад.

ВИДЕО: Делови од Прилеп под вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот