Володин: Америка директно се меша во војната, ги координира украинските воени акции

Вјачеслав Володин / фото: duma.gov.ru

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, денеска го обвини Вашингтон за координирање на воените операции во Украина, кои ги нарече директно мешање во воените дејствија против Русија.

„Во суштина Вашингтон ги координира и развива воените операции, затоа, директно учествува во воените дејствија против нашата земја”, напиша Володин на Телеграм.

Британските медиуми пренесуваат дека Вашингтон и европските партнери од НАТО го снабдуваат Киев со оружје за да се одбранат од руските напади, но САД и НАТО неколкупати соопштија дека самите нема да учествуваат во борбите, за да не бидат вовлечени во конфликтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот