Водата во Скопје изминатата недела безбедна и квалитетна за пиење

Скопје вода чешма
Чешмичка за вода во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Водата во Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, информираат од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје.

Секторот за санитарна контрола, во периодот од 6 до 10 септември, земал 176 примероци за физичко-хемиска и 176 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот