
Во Занаетчискиот дом во Куманово ќе се одржи седмото издание на Фестивалот на краток филм „Филмај“
Фестивалот на краток филм „Филмај“ ќе се одржи на 28 и 29 мај 2025 (среда и четврток), во Занаетчиски дом – Куманово. Двете вечери на седмото издание на фестивалот ќе бидат со почеток во 20 часот. Влезот ќе биде бесплатен за посетителите.
Препорачано
На „Филмај 2025“ ќе бидат прикажани наградените филмови: турскиот „Скоро целосна измислица“ режиран од Чансу Бајдар, рускиот „Достоинствено“ со Никита Белај како директор на фотографија, „Дрвја намачкани со катран“ (Данска) по сценарио на Михаел Кунов, заедно со најдобриот домашен филм „Прошетка“ режиран од Елеонора Венинова, како и „Посетителите на Амаја“ (Шпанија) како најдобар краток филм. Исто така, ќе бидат прикажани и 11 официјално селектирани филмови.
Стручното жири на овогодишниот „Филмај“ беше составено oд Никола Кузелов (актер и сценарист), Лавинија Софрониевска Лошков (режисерка) и Пол Диглер (режисер, сценарист и монтажер).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
10час
-
11час
-
13час
-
14час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5