Во владејачката коалиција се пребројуваа за изборот на Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието

Фото: МИА

Наредната недела, најверојатно во среда на собраниска седница ќе се најде предлогот на СДСМ и ДУИ нов потпретседател на Собранието да биде независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ, кој неодамна ја напушти независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Кај дел од помалите партии во Коалицијата предводена од СДСМ ваквиот предлог предизвика вистинско изненадување. Најгласни се Партијата за движење на Турците и Партијата за целосна еманципација на Ромите. Според нив Рамчиловиќ не ја заслужува оваа функција бидејќи ја девалвира и пратеничката функција, затоа што за една година сменил два до три партиски дреса.

Во собраниските кулоари се шпекулира дека по ваквата реакција на коалициските партнери владејачката СДСМ почнале да се пребројува. Кога ќе бидат сигурни дека обезбедиле 61 глас треба да го информираат собранискиот спикер Талат Џафери, кој треба да ја закаже седницата. Инаку предлагачите СДСМ и ДУИ вкупно бројат 44 пратеника, десет на ДУИ и 34 на СДСМ. Недостасуваат уште 17 гласови за да може Рамчиловиќ да биде избран со потребниот број на гласови. Рамчиловиќ и денеска не беше достапен за да објасни зошто ја напушта независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот