Во Велика Британија од Ковид-19 досега починале 200.247 луѓе

epa08369098 A cyclists peddles down the High Street in Oxford, Oxfordshire, Britain, 17 April 2020. Britons can only leave their homes for essential reasons or may be fined, in order to reduce the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the Covid-19 disease. EPA-EFE/WILL OLIVER

Повеќе од 200.000 луѓе починаа од Ковид-19 во Велика Британија од почетокот на епидемијата, што ја прави една од земјите со најголем број смртни случаи во Европа.

Вкупно 200.247 смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани од почетокот на епидемијата, а 294 луѓе починале минатата недела, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика.

Како што пишува Гардијан, до јануари 2021 година починале 100.000 луѓе, а за нешто повеќе од една и пол година, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се удвоил.

Без вакцинација, подобро разбирање за начинот на лекување на вирусот и мерките за физичко растојание, тој број би бил многу поголем, коментира Гардијан.

Стапката на смртност во Британија е 2.689 на милион луѓе и е повисока отколку во Шпанија, каде што е 2.295, Франција 2.230 и Германија 1.704, покажуваат податоците на веб-страницата Our World In Data од 12 јули оваа година

Видео на денот