Во Велес продолжуваат активностите за дезинфекција

 Општина Велес во соработка со припадниците на МВР, СВР – Велес денеска ги интензивира мерките за справување со коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел на поставените контролни пунктови на влезовите во Велес, денеска се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот.

Како што информираат од Општина Велес, оваа активност започна во текот на минатата недела, но интензивно продолжи и денеска,  а ќе се реализира и понатаму.

Активностите за чистење и миење на улиците, како и дезинфицирањето на возилата на влезовите во градот се интензивирани како резултат на ширењето на Ковид-19 , а со цел да се обезбедат почисти улици и населби, но пред сè заштита на жителите ,потенцираат од службата за информирање на Општина Велес. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот