Во локали во тетовско годинава приведени 124 странски државјанки, повеќето се од Србија и Албанија

Фото: EPA/PETER DaSILVA

За девет месеци откриени се 124 странски државјанки кои нелегално престојувале и работеле, пред сѐ, во угостителски објекти во тетовскиот регион. Жените се претежно од регионов (околу две третини од нив се од Албанки или од Србија), но и од подалечни држави, јави дописникот на МИА.

Тие се откриени во редовни активности што ги презема тетовската полиција за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно „државјанки кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето, најчесто во угостителски објекти“, велат од СВР Тетово.

– Во изминатите девет месеци од годинава биле затекнати вкупно 124 странски државјанки, најмногу од Република Албанија (55), Република Србија (26), Русија (20), Украина (10) и од уште седум други европски држави, од соседството и пошироко. Од затекнатите, 58 женски лица странски државјанки или го немале законски регулирано нивниот престој или престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле претходно пријавениот туристички престој, со што постапиле спротивно на Законот за странци, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Поради овие прекршувања на законските одредби, СВР Тетово во овој период изготви 13 барања за поведување на прекршочна постапка против 58-те странски државјанки до основните судови во Тетово и Гостивар.

Над 56 килограми разни видови дрога се откриени и одземени годинава во Тетовско и Гостиварско

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот