Над 56 килограми разни видови дрога се откриени и одземени годинава во Тетовско и Гостиварско

Запленета дрога/ Фото: Министерство за внатрешни работи

За девет месеци во 2021 на тетовското подрачје од сторилите на кривични дела откриени се и одземени се вкупно 56,5 килограми дрога – марихуана, хеорин, хашиш и други видови, покажува статистичката анализа на податоците во тетовската полиција. При тоа СВР Тетово на тетовското подрачје бележи 48 кривична дела од областа на недозволена трговија со дрога.

-Откриените дела се за 25 проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Овие кривични дела се целосно расчистени и заокружени со 40 кривични пријави поднесени до Основните обвинителства во Тетово и Гостивар. Во овие кривични дела опфатени со пријави вкупно биле инволвирани 55 сторители, на различна возраст, во најголем број машки лица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Статистичката анализа на податоците од област покажува дека најголем дел од кривичните пријави се однесувале на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, додека помал број се однесувале на „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Меѓу пријавените во овој период се среќаваат и повторници, но и малолетници.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот