Во терористичкиот напад во Москва загинаа 93 лица, приведени четворица директни учесници

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Шефот на Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени четворица директни учесници во терористичкиот напад близу Москва, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

Како што се наведува во соопштението, во тек е  идентификација на соучесниците на терористите.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на Москва загинале 93 лица.

„Во моментов е утврдено дека бројот на загинати е 93 лица. Бројот на загинати ќе се зголемува“, пренесува РИА Новости.

Според прелиминарните податоци, причините за смртта се прострелни рани и труење со производи од согорување.

Од Интерпол велат дека се подготвени да помогнат во истрагата на Русија за терористичкиот напад на градското собрание Крокус, изјави денеска генералниот секретар на таа меѓународна организација Јирген Сток.

„Најостро го осудувам нападот врз градското собрание на Крокус, кој беше ужасен чин против невини цивили. Интерпол е подготвен да ја поддржи истрагата на руските власти“, напиша Сток на социјалната мрежа Х.

Светот сочувствува со рускиот народ за нападот во Москва

Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

Руското Министерство за вонредни ситуации го објави списокот на хоспитализирани по терористичкиот напад, на кој според ажурираниот список има 107 лица.

Во исто време, Министерството за здравство за Московскиот округ соопшти дека 82 лица повредени во тој напад се сместени во московските болници.

Неидентификувани маскирани лица синоќа отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол за време на концерт.

Најмалку 60 мртви и 145 повредени во терористичкиот напад близу Москва

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот