Во тек e дезинфекција на јавни површини во општина Маврово и Ростуше

Во рамки на договорените мерки од страна на Кризниот штаб, во општина Маврово и Ростуше во тек е дезинфекција на јавните површини.

-Во соработка со Националниот парк „Маврово” и jавното комунално претпријатие „Маврово” до сега извршена е дезинфекција на центарите на повеќе населени места и селските улици. Ова активност ја завршивме во Жировница, Ростуше, Велебрдо, Требиште, Битуше, Аџиевци, привршува во селото Присојница и  до крајот на денот ќе се изврши дезинфекција и во селото Скудриње, изјави за МИА, Меџат Куртовски, градоначалник на општината, кој раководи и со штабот.

Додава дека оваа активност продолжува и следните денови,со дезинфекција на останатите населени места а тоа ќе се направи и во верските објекти, училиштата и други објекти.

-Ќе продолжи со превземање на сите неопходни активности за справување со кризата предизвикана од корона вирусот. Упатувам апел до сите сограѓани да се придржуваат кон препораките дадени од страна на Владата и Министерството за здравство,рече Куртовски.

Според него во домашна изолација се четириесеттина лица, сомнителни и заразени нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот