Во светот од ковид-19 заразени повеќе од 2,9 милиони луѓе, починале повеќе од 203.000

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Бројот на смртни случаи како последица на корнавирусот надмина 200.000 односно тој според Ворлдометерс изнесува 203.308 лица, додека бројот на заразени се доближува до 3 милиони.

Според овој сајт кој се базира на податоци од Светската здравствена организација (СЗО) бројот на заразени во светот со новиот вирус е 2.923.191 лице, додека досега оздравеле 837 527 лица.

Вкупно активни случаи на заболени со ковид -19 има 1 882 356 лица, од кои 97 отсто или 1 824 473 се со лесни симптоми, додека 57 883 се во тешка состојба.

Први на листата каде состојбата е најлоша се САД со 960 896 заболени и 54 265 починати лица. Потоа следуваат: Шпанија со 223 759 заболени и 22 902 починати, Италија со 195 351 заболени и 26 384 починати, Франција со 161 488 заболени и 22 614 починати и Германија со 156 513 заболени и 5 877 починати лица.

Од континентите, најзагорзена е Европа со вкупно 1 253 115 заболени од ковид-19 и 120 137 починати. Потоа следува Азија со 462 048 заболени и 16 953 починати лица.

Во Јужна Америка бројките се 131 374 заболени и 6 020 починати. Африка е на дното со вкупно 31 102 заболени и 1 379 починати, иако претставниците на СЗО предупредуваат дека поради лошите услови пандемијата би можела да земе голем замав.

Најмалку случаи има на австралискиот континент со 8 282 заразени и 101 смртен случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот