Судир на автомобил и Брза помош во Холандија, загинаа тројца тинејџери

Холандска полиција/ Фото: Миа

Тројца тинејџери загинаа во директен судир на автомобил и возило на Брзата помош во Холандија, а три лица се повредени, јавија денеска локалните медиуми.

Во патничкиот автомобил имало четири лица, од кои тројца тинејџери од Ајндховен на возраст од 15 и 16 години загинале на лице место, а четвртиот сопатник е тешко повреден.

Со повреди се здобиле и двајца возачи на Брзата помош. Во моментот на судирот во возилото немало пациенти.

Засега не се знае како тинејџерите, кои немале возачки дозволи, дошле до автомобилот и во тек е ситарга за несреќата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот