Во Србија се ближи крајот на епидемијата, паѓа бројот на новозаболени

epa08388683 A handout picture made available 28 April 2020 by the press service of the Russian Defense Ministry shows Russian military medical specialists listening to local doctor (in white protective suit) as they examine a patient at the city hospital in Vrsac, Serbia, 27 April 2020. Russia helps its longtime West Balkan ally to combat the spread of the pandemic COVID-19 disease, which is caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE / HANDOUT HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Србија досега тестираше вкупно 247.760 лица, од 11.430 заразени се опоравија 6.726, додека на болничко лекување има уште 468, а 9 од нив се со тешка клиничка слика и на респиратор.

Србија, според проценките на експертите, се ближи до крајот на епидемијата од коронавирус, но бројот на новозаболени од почетокот на 13. седмица во однос на бројот на тестирани и натаму е над 0,5 отсто (0,96%), покажува денешниот епидемиолошки пресек со 18 позитивни меѓу 2.315 тестирани.

„Влегуваме во период на повремено јавување на вирусот кое ќе го има додека не згасне епидемијата. Кога бројот на позитивни ќе падне под 0,5 отсто, тоа е спорадично јавување“, објасни епидемиологот и член на кризниот штаб д-р Предраг Кон, потенцирајќи дека во Србија повеќе не станува збор за „класична епидемија“.

„Самата официјална одјава бара обврски – 28 дена по ред бројот на заразени да биде постојано нула. Објективно не сме повеќе во епидемија“, рече д-р Кон за РТС.

Покрај 18-те новозаразени во последните 24 часа и само еден смртен исход, Србија од почетокот на епидемиајата на 6 март, до 1 јуни вкупно има 11.430 потврдени случаи на инфекција и 244 жртви на ковид-19, со смртност од 2,13%.

Србија досега тестираше вкупно 247.760 лица, од 11.430 заразени се опоравија 6.726, додека на болничко лекување има уште 468, а 9 од нив се со тешка клиничка слика и на респиратор.

Во Србија од 1. јуни се воведуваат нови, ублажени мерки, со кои се дозволува собирање на луѓе на отворено, што вклучува и публика на спортските настани, со одржување на физичка оддалеченост од 1 метар, додека во затворен простор и натаму може да се сонбираат најмалку 100 луѓе.

Сите граѓани на Србија, можат од денес, на свое барање, да направат тест на коронавирус и антитела, а цената на тестот е 10,2 евра.

Државјаните на Србија од денеска без ограничување можат да патуваат во БиХ, но не и во Црна Гора зошто владата во Подгорица инсистира на епидемиолошки параметри „помалку од 25 случаи на 100.000 жители“, што Србија се уште не ги исполнува.

Владата на Република Србија одлучи уште на 22. мај да ја укине забраната за влез на територијата на Србија, така што за сите домашни државјани и странци ќе биде вратен вообичаениот режим за поминување на границите, без задолжителен ПЦР тест и без 14-дневен карантин.

Србија со Унгарија, членката на ЕУ и Шенгенската зона, взаемно ја отвори границата на 25. мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот