Во Скопје најмногу активни и новозаразени со ковид-19

Коронавирус во Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во земјава има вкупно 6813 активни случаи на ковид-19 од кои најголемиот број 3413 се во главниот град по што следат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212 и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден има во Демир Капија и Пехчево, следи Дојран со два и Македонски Брод со девет, а сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи.

Досега во земјава се направени вкупно 1 339 824 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 196 762, бројката на оздравени пациенти е 183 027, на починати е 6922, а бројот на активни случаи изнесува 6813.

Вчера од 3595 тестирања регистрирани беа 395 нови случаи на ковид-19, оздравени се 245 пациенти, а починати се 14 пациенти од кои најмладиот од Битола на 22 години, пријавени се и седум пациенти преку „Мој термин“ со датум на смрт од 5 септември до 10 октомври годинава.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од ново регистрираните од Скопје се 177 пациенти, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Велес 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар и Виница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште седум починати лица, со датум на смрт од 5.9.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот