Во Северна Митровица затворени продавниците – Леб само за болниците, студентите и градинките

Продавниците во северниот дел на Митровица се затворени од денеска изутринава. Во знак на солидарност не работат ниту кафулињата, бензинските пумпи и таксистите.

Седум месеци откако косовската Влада стави такса од 100 отсто за стоките од Србија и Босна и Херцеговина, од Северна Митровица велат дека нема артикли за продавање, посебно млечни производи, брашно, зејтин и други производи.

Радош Петровиќ, претставник на Друштвото на бизнисмени од северот на Косово во изјава за Радио Слободна Европа на албански јазик, вели дека продавниците биле затворени поради таксата и неможноста на бизнисмените од северот на Косово да се занимаваат со основните активности.

Тој не знае до кога ќе бидат затворени продавниците, велејќи дека тоа зависи од „состојбата на терен“.
Како што изјави, пекарите ќе работат со редуциран капацитет и лебот ќе биде предаден само во болниците, во Центарот за студентите и во градинките.

Белград постојано изјавуваат дека на српското население му се заканува хуманитарна катастрофа, додека официјалните лица од Приштина велат дека кризата е дело на српските власти.

Во последно време косовската полиција ја зголеми контролата врз алтернатвните, регионални патишта меѓу централна Србија и Косово, кои се користеа за транспорт на основни намирници за српските домаќинства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот