Во Сенегал ќе се гради стадион „Садио Мане“

Садио Мане му ја донесе првата титула на Сенегал нба Африканскиот куп на нации/ фото: EPA-EFE/FOOTOGRAFIIA

Фудбалската репрезентација на Сенегал минатиот викенд за прв пат во својата историја триумфира на Африканскиот куп на нации, а новиот стадион ќе го носи името на најзаслужниот за титулата.

Сенегалците немаат дилеми, најзаслужен за победата е фудбалерот на Ливерпул, Садио Мане и новиот стадион ќе го носи токму неговото име.

– Садио Мане го задолжи Сенегал. Затоа одлучив нашиот нов стадион да се нарече по него. Со тоа сакам да му искажам благодарност на Садио Мане од сите жители на Седију регионот – изјави Абдулај Диоп, првиот човек на регионот Седију, каде е роден Садио Мане.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот