Во притвор 119 лица во Србија кои не ги почитувале мерките за самоизилација

Тој додаде дека се гледа дисциплината кај повеќето луѓе кои се придржуваат кон мерките, особено кај пензионерите.

Сите оние кои не ги почитуваат мерките преземени од Владата во Србија, ќе бидат казнети со цел да се зачува јавното здравство, вели српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

– Почит кон секој што покажува дисциплина и одговорност, но сите оние кои не ги почитуваат мерките мора да бидат казнети. Нашата цел не е некого да казниме, а ќе го сториме тоа, бидеќи само така ги заштитуваме животите на луѓето- рече Стефановиќ за РТС.

Тој додаде дека се гледа дисциплината кај повеќето луѓе кои се придржуваат кон мерките, особено кај пензионерите.

Тој рече дека претходната вечер имало 138 лица кои го прекршеле полициски час и против кои ќе бидат поднесени прекршочни пријави, има и кривични како и издадени предупредувања.

– Судските пресуди ќе има доколку се нема памет- рече министерот, додавајќи дека досега на три лица им е изречена казна затвор од 2, 5 и 3 години.

Стефановиќ потсети дека се поднесени вкупно 667 кривични пријави од почеток на спроведувањето на мерките, од 14 март до денес, поради кршење на мерките за самоизолација.

– Во моментов има 119 лица во притвор. Не ми е драго што тоа е така, но покажува одреден недостаток на дисциплина – изјави Стефановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот