Во најтешко погодениот регион во Италија повторно пораст на бројот на заразени

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Речиси половина од смртните случаи се во Ломбардија, каде на крајот на февруари почна епидемијата во Италија.

Голем скок на бројот на потврдени случаи од Ковид-19 во најтешко погодениот регион во Италија, Ломбардија придонесе за најголем дневен пораст на заразени во земјата во последните денови, извести АП.

Според податоците на италијанското Министерство за здравство, во Ломбардија се потврдени 1.033 случаи, што се повеќето во вкупните 1.402 нови случаи во Италија. Во последните неколку дена, дневниот број на случаи во Ломбардија се движеше по неколку стотини.

Вкупно, Италија има 221.216 потврдени случаи на инфекции со коронавирус. Експертите велат дека вистинскиот број е најверојатно многу поголем, истакнувајќи дека многу луѓе со благи симптоми често не се тестираат.

Властите забележале 172 смртни случаи во периодот од 24 часа кој заврши вечерва, што го зголеми бројот на потврдени смртни случаи на 30.911. Речиси половина од смртните случаи се во Ломбардија, каде на крајот на февруари почна епидемијата во Италија.

Здравствените власти со нестрпливо ги очекуваат дневните извештаи од идната недела за да утврдат дали делумното укинување на ограничувањето на движењето на 4. мај предизвика пораст на стапката на заразата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот