Во Малта се запленети 740 килограми кокаин во контејнер со банани наменет за Словенија

Фото: ЕПА

Кокаин во вредност од 100 милиони евра е откриен во Малта, во контејнер со банани, кој требал да биде испорачан во Словенија.

Запленети се рекордни 740 килограми кокаин, кој според проценките, преку улична продажба би донел заработка од 100 милиони евра, а контејнерот во кој била пронајдена дрогата бил на пат од Еквадор до Словенија, пренесуваат словенечките медиуми за објавата на царината во Малта.

Станува збор за рекордна заплена на кокаин во земјата, поголема од ланската заплена на 612 килограми дрога во брод кој патуваше на линија Еквадор-Колумбија-Либија.

Царината изјавила дека откривањето на дрогата е резултат на операција која траела подолго време. Пребарани биле 1080 кутии банани, од кои 37 кутии со банани содржеле вкупно 740 пакети со бела супстанца. Лабораториски било утврдено дека се работи за кокаин.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот