Во магацин на Амазон во Германија 17 работници заразени од коронавирус

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

„Амазон” соопшти дека соработува со локалните власти за да ги заштити вработените.

Во магацин на „Амазон” во Бад Харсфелд, во провинцијата Хесен во Германија, регистрирани се 17 работници заразени со вирусот Ковид-19, објави „Шпигел”.

Во последните неколку дена, пријавени се девет нови случаи на заразени со коронавирус. Од сите 17 лица, тројца се излекувани, а останатите 14 вработени и најмалку осум лица кои биле во контакт со нив се во карантин, пренесува весникот.

„Амазон” соопшти дека соработува со локалните власти за да ги заштити вработените.

„Уште кон крајот на март беа преземени мерки, вклучително и чистење и дезинфекција на просториите, мерење на температурата пред влегување во зградата, индивидуална заштита (маски), средства за дезинфекција и други мерки за да се обезбеди растојание на работното место”, се наведува во соопштението од компанијата.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се и други случаи на заразени во филијали на „Амазон” во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот