Во Либија киднапиран поранешен фудбалер на Партизан

фото: facebook.com/MohamedZubya

Напаѓачот на Ал Итихад од Триполи, Мухамед Забија е кидпапиран во родната Либија. Пред неколку дена беше киднапиран од екстремистичка група.

Вујкото на Забија ја потврди оваа вест, а причините за киднапирањето сè уште не се познати.

– Многу пријатели ме прашуваат дали се вистинити информациите за киднапирањето на ѕвездата на Ал Итихад, Мухамед Забија… Да, ние не сме во контакт со него од четвртокот – рече вујкото на Забија.

Одредени информации велат дека фудбалерот беше киднапиран во Триполи за да биде ослободен подоцна во вечерните часови. Забија во текот на кариерата настапуваше и за српскиот Партизан во периодот од 2012 до 2013 година каде во четири натпревари постигна еден гол.

Настапуваше и за Аскат, Ал Итихад, Ал Араби, Кабали, Оран, Есперанс..Беше шампион во Србија и Тунис, како и најдобар стрелец во Алжир. За Либија одигра 25 натпревари и постигна шест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот