Во Кина шест нови случаи на коронавирус, Вухан без новозаразени

Фото: ЕПА

Кинескиот град Вухан кој беше епицентар на заразата на коронавирусот, ниту денеска нема нови случаи на зараза.

Втор ден по ред нема ниту хоспитализирани кои се заболени од Ковид-19.

Во остатокот од Кина се забележани шест нови случаи, од кои три лица дошле од странство, а три се од североисточната провинција Хеилоџијанг, на границата со Русија.

Во Кина 13 ден по ред не е забележан ниту еден смртен случај од последиците на коронавирусот.

Околу 1.000 луѓе се под мерка самоизолација, а тоа се оние за кои постојат сомневања дека се заразени или се тестирани позитивно, но немаат симптоми.

Кина досега регистрираше вкупно 82.836 заразени од кои 4.633 починаа од последиците на вирусот, иако како и во други земји, многу случаи не се регистрирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот