Во Кина откриле коронавирус на пакети со замрзнати морски ракчиња од Еквадор

Фото: ЕПА

Властите во градот Вуху во провинцијата Анхуи во источна Кина, денеска откриле денес пакетите со замрзнати морски ракчиња од Еквадор биле загадени со коронавирусот.

Вирусот е откриен на внатрешната амбалажа на увезените шкампи, кои биле доставени на ресторан во градот Вуху, јави државната телевизија ЦТВ.

Ваквите откритија се случија во неколку други градови, поради што кинеските власти забранија увоз на шкампи од три еквадорски производители.

.Запленета на загадените пакувања со шкампи била извршена кај сите познати ресторани од Вухуа кои купиле морска храна од истиот производител од Еквадор.

Еквадорските власти објавија дека Кина повторно дозволила увоз на ракчиња за еден од трите производители од Еквадор, чија лиценца за извоз на морска храна претходно била суспендирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот