Во казино во тетовско размениле фалсификувани американски долари

Пари долари
Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Триесет и седумгодишната З.С. од тетовска Брвеница, вработена во казино во тетовско Жеровјане, вчера во 15 часот во СВР Тетово пријавила дека претходната вечер околу 22 часот и 15 минути во казиното влегле две лица и размениле 1200 американски долари во банкноти од по 100 долари.

„Нешто подоцна, во казиното утврдиле дека банкнотите се фалсификувани. Се расчистува и документира случајот“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот