Во Хонг Конг уапсени седуммина во случај со перење пари

Хонг Конг/ Фото EPA-EFE/JEROME FAVRE

Царинските службеници во Хонг Конг уапсија седум лица поврзани со перење на 1,8 милијарди долари, што е најголемиот случај на перење пари во Хонг Конг, објави Чајна дејли.

Како што се наведува, според официјални лица, седуммина локални жители, на возраст меѓу 23 и 74 години, биле дел од голема транснационална група која користела лажни компании и банкарски сметки за префрлање големи суми пари од странство во Хонг Конг под маската на водење меѓународна трговија.

Царинското биро за финансиски истраги соопшти дека постои сомневање дека некои од „испраните“ пари се поврзани со случај на измама со мобилна апликација во Индија, но не прецизира за која апликација станува збор.

Властите веруваат дека групата добивала дознаки од Индија на име на извоз на електронски уреди, дијаманти, скапоцени камења и благородни метали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот