Во Германија, повеќе од една третина од фармерите користат дронови

дрон EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Многумина ја гледаат дигитализацијата како конечно решение за проблемите во глобалното земјоделство. Компанијата „Континетал“, која веќе неколку години истражува идеи за автономна земјоделска технологија, нарача меѓународна студија за дигитализација со наслов – „Земјоделството во транзиција“. Меѓу другото, студијата доаѓа до заклучок дека, споредено со меѓународните резултати, земјоделците од Германија се добро позиционирани и сосема задоволни кога станува збор за спроведената дигитализација.

Како што пренесува специјализираниот портал „Агрархојте“, Институтот за истражување на пазарот „Инофакт“ во есента 2023 година анкетирал вкупно 503 земјоделски производители од Бразил, Германија, Франција, Јапонија и САД. На учесниците им беа поставени прашања за нивните моментални најголеми предизвици и очекувања за развој на бизнисот, а беа разгледани само фармите со повеќе од 30 хектари. Нема информации за каков вид на земјоделско производство се работи. Резултатите покажуваат дека 79 отсто од сите анкетирани земјоделци во различни земји веќе користат дигитални решенија. Истражувачите не појаснија што точно се подразбира под дигитални решенија, но наведуваат дека 71 отсто од нив рекле дека дигитализацијата игра „прилично голема улога во нивната секојдневна работа во земјоделството“.

На фармите со помалку од 50 хектари, околу 20 отсто од земјоделците изјавиле дека не користат дигитални технологии. На оние со површина од 100 до 200 хектари, 12 отсто од земјоделските производители го дале истиот одговор, додека на фармите со над 200 хектари во нивна сопственост, само 10 отсто не користат дигитална технологија. Експертите на „Инофакт“ заклучија дека колку е помала фармата, толку е помалку дигитализирана. Во Германија дигитализацијата е многу важна за земјоделските производители и тие се меѓу најзадоволните во споредба со другите испитаници, објави Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот