Во домот за стари лица Светла Надеж во Црниче гласањето се спроведе без фингерпринт апарат

Алексовски Александар, претседателот на изборниот одбор, за „Слободен печат“ изјави дека гласањето се одвива без никакви проблеми.

-Гласањето се одвива во најдобар ред, сега за сега не се забележани никакви проблеми во избирачкиот одбор, конкретно сме во овој старачки дом, претходно бевме во друг. Овде има сместени лица од различни општини согласно од општината каде што живее гласачот, од таму имаме и гласачки ливчиња, така што сега за сега немаме никакви проблеми при спроведувањето на гласањето.

 

Исто така, морам да напоменам дека гласањето за немоќните и болните лица се спроведува на стариот начин, односно не се применува фингерпринтот при процесот на гласање, изјави Алексовски.

Видео на денот