Во Домот на култура „Кочо Рацин“ се славеше балканската поезија

Деветото издание на поетскиот фестивал „Балканска вечер на поезијата“ (Balkansko veče poezije) во Скопје се одржа на 27 септември во Домот на културата „Кочо Рацин“.

Вечерта ја отворија г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ, Државен секретар во Министерство за економија при Владата на Република Северна Македоније и г-дин Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, културен развој и меѓуресорска соработка во Владата на Република Северна Македонија.

На поетскиот фестивал учествуваа поети и поетеси кои кога пишуваат светот околу себе го гледаат со отворени очи и со слободно срце. Од нивните поетски атари се излеваат стихови на нивниот мајчин јазик, но и на македонски јазик. Преку мостот воспоставен преку јазиците би го разбрале и почувствувале тоа што е излеано од нивните души на белите листови хартија.

На Фестивалот беа прочитани стихови на македонски, албански, босански, турски, хрватски, ромски, влашки и српски јазик. Овие песни носат идеја за зближување на народите и поттикнување на соживотот, а со тоа се постигнува и главната цел за мултикултурна разноликост.

Ова шаренило од јазици со мозаични поетски слики од афирмирани поети се одржува по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците – „Шадрван“. На овој настан секоја година учество земаат поетите од сите национални заедници што живеат под македонското сонце.

Во рамките на „Балканска вечер на поезијата“ беше промовирана и поемата „Зулија“ од Бајро Перва (БиХ), која е преведена на македонски јазик. Ѕидовите на холот во Домот на култура „Кочо Рацин“ беа украсени со уметнички слики од сликари-аматери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот