Во Бугарија поскапеа најпосакуваните подароци за Денот на вљубените

Ден на вљубените/ Фото: Kristin Lee / Tetra Images / Profimedia

Поради инфлацијата и повисоките трошоци за трговците и производителите, најпопуларните подароци за 14 февруари се за најмалку 20 отсто повисоки, пишува „24Часа“ бг. И покрај растот, побарувачката не се намалува, а хотелите и рестораните се речиси целосно резервирани. Една недела пред Св. Валентин трговците нудат сè поатрактивни понуди.

„Многу е важно за празникот да го најдеме најпогодниот подарок“, велат граѓаните.

Подготовката за Св. Валентин почна со увозот на цвеќе. Неколку недели пред 14 февруари, милиони рози тргнаа од големите светски оранжерии до пазарите во Бугарија. А испораките се барем 5-6 пати поголеми од стандардните.

Традиционално, црвените рози остануваат најбарани за дамите – околу 80-90 отсто од купувањата, пренесува Нова бг. Годинава, пак, инфлацијата го погоди и производството и трговијата со цвеќе. Растот започнува од големите светски берзи и стигнува до пазарот во Бугарија, вели менаџерката на берзата за цвеќиња Тања Савова.

И тука отпаѓаат најмалку 60-70 отсто од трошоците. Сметките за енергија и транспорт пораснаа најмногу во секторот во текот на минатата година.

Затоа поскапувањето на розите за овој Ден на вљубените е неизбежно, пресметуваат трговците на берзите. Најголем интерес околу Денот на вљубените во моментов има во туризмот. Спа хотелите, луксузните ресторани и туристичките агенции нудат стотици понуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот