Во Багдад одржана конференција за соработка помеѓу земјите од регионот

Багдад. / Фото: Миа.мк

Во главниот град на Ирак, Багдад денеска се одржа меѓународна Конференција за соработката и партнерството во регионот.

Главни теми на конференцијата беа развојот на економската соработка, борбата против тероризмот и реконструкцијата на ирачката инфраструктура. Исто така се разговараше и за ситуацијата во регионот, пред се во Јемен и Либан, како и зачувување на безбедни поморски премини во регионот.

Според извори блиски до ирачкиот премиер Ал-Кадеми, Ирак се обидува да одигра обединувачка улога во решавањето на кризата што го тресе регионот. Ирак со години е во деликатна ситуација помеѓу двата главни сојузници – Иран и САД.

На конференцијата учествуваа претставници на девет земји, воглавно соседи на Ирак, но и арапски и меѓународни организации, а и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот