ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одбива во Собрание да дискутира за несреќата во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Скриншот

„СДСМ скандалозно одбива во Собрание да се дискутира за несреќата во Тетово, веројатно мислат дека ако забошотат граѓаните ќе заборават“, се вели во соопштение кое попладнево го испрати ВМРО-ДПМНЕ.

„Дрското манипулирање со народот продолжува од страна на СДСМ. Од лажните оставки, сега нелогично гласаа против расправа во Комисијата за труд и социјална политика. Пратениците од власта бегаат од соочување на аргументи за несреќата и не сакаат да достават никакви информации за трагедијата во која изгореа 14 луѓе, а го одбија и предлогот да се формира анкетна комисија. Граѓаните треба да бидат свесни дека ваквиот однос на пратениците од власта е согласување со ставот на Заев за кого несреќата е банална“, велат од партијата.

„За СДСМ поважно е да се дискутира дали недела ќе биде неработен ден, отколку да се преземе одговорност и расчисти огромната трагедија во која живи изгореа наши сограѓани. Ваквиот потег на пратениците од власта говори дека СДСМ нема никакви морални принципи, туку е водена од ниските страсти за личните интереси и заштита на одговорните лица“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот