ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крои план како да го спречи референдумот

Миле Лефков / Фото: Архива на „Слободен печат“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта дека подготвува план за да го спречи референдумот за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Од партијата тврдат дека владејачкото мнозинство во парламентот би ја одбила Инцијативата, од што пак, зависи собирањето на граѓански потписи за референдумот.

„Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски. Власта знае дека огромно мнозинство од народот кој ќе излезе на Референдум ќе гласа за поништување на договорот со Бугарија, и затоа бега. Народот ќе излезе на Референдум затоа што знае дека договорот со Бугарија е коренот на сите негации на македонскиот јазик, историја, идентитет. Референдум мора да има, затоа што тој е највисока форма на демократија изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО- ДПМНЕ апелираат до антимакедонската СДС и Ковачевски, да не се дрзнува да го помножи народот со нула.  Од таму се уште сметаат дека најдобра опција за државата е истовремено организирање на референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори.

Од владејачката СДСМ пак денеска молк по однос на поднесената Инцијатива. Владејачки пратеници вчера открија дека Иницијативата има проблем околу нејзината уредност, за што всушност одлучува собранискиот спикер и Собранието. Тие тврдат дека Иницијативата е упатена до претседателот на Собранието, без да го наведат новото државно име.

На ова од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека во член 67 ст. 1 од Законот за референдум е наведно дека инцијативата се доставува токму до претседателот на Собранието, па според тоа, Инцијативата за нив е уредна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот