ВМРО-ДПМНЕ побара од Јавното обвинителство да отвори постапка против Груби за прикривање имот

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ побара од Jавното обвинителство да отвори постапка за прикривање на имот од страна на првиот вицепремиер Артан Груби.

Зошто Груби го нема пријавено автомобилот кој е запален во неговиот анкетен лист? Бараме ЈО да отвори постапка за прикривање на имот, потенцијално даночно затајување и злоупотреба на службена положба и овластување против Груби, кој автомобилот за кој цела влада потврди дека е негов не го пријавил во својот анкетен лист, и не го запишал на свое име – посочуваат од партијата.

Тие велат дека Бујар Османи, Крешник Бектеши и останатите министри во своите реакции во кои го осудија случајот потврдиле оти автомобилот е на Груби, а според медиумите, автомобилот го поседува друго лице, за кое Груби вели дека му е пријател.

Кој е тој пријател на Груби кој купил Ауди А6 возило вредно 80.000 евра и наместо да го вози сам го дал на Артан Груби да го вози и управува со него како со свие возило? Дали Груби има возачки дух па доби Ауди А6, кое не го пријавил, зошто не го купил официјалано, исто како што Дрин Ахмети имаше претприемачки дух па ја доби Соравија? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата побара од ЈО да отвори постапка, а побараа реакција и од ДКСК.

„Кукавици“- порака од Груби по инцидентот со запалениот автомобил

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот