ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот Централен комитет: Промени во партијата за победа над мафијата

Новите одлуки на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ единствено не им се допаѓаат на Заев и хотелската коалиција која одработува за него, се наведува во кусото соопштение на партијата по синоќешниот состанок на Централниот комитет.

– Не ни очекуваме да ги поздрават одлуките, затоа што тие се насочени кон победа над мафијата и организираниот криминал на власта, порачуваат од опозициската партија.

За разлика од Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, кој не најде сила за никакви промени по драматичниот пораз од 200.000 гласови разлика во 2014 година и поразот во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ покажа сила за катарза и промени.

Централниот комитет едногласно го одби мојот предлог за свикување на вонреден конгрес на кој што нема да се кандидирам и со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам да раководам со ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлече од местото Генерален секретар на партијата, а Вело Марковски нов член на Извршниот комитет, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нема вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски останува лидер на партијата (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот