Вмрежување: „Локомотива“ стана членка на Европската мрежа на танцови куќи

Проектниот простор „Кино Култура“, претставуван од „Локомотива“, стана член на ЕДН – Европска мрежа на танцови куќи (EDN – European Dancehouse Network). Членството во мрежата ЕДН за „Кино Култура“, како проектен простор за современи изведувачки уметности, и за неговите основачи „Локомотива“ и „Театар Навигатор“, значи остварување на дел од целите за интернационализација на своите активности, како и поддршка од меѓународните партнери.

Како нови членки на мрежата се прифатени и две други организации од регионот: „Станица“ – сервис за современ танц од Белград и танцовиот центар „Дерида“ од Софија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 35, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот