Влажен бран со силен ветер и врнежи, временските услови поволни за земјоделството

Дождливо време / фото: Слободен печат / Драган Митрески

УХМР информира дека утре, под влијание на влажен бран, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои особено во западните и јужните делови од земјата ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на метар квадратен, поројни и проследени со грмежи и засилен ветер и над 60 километри на час.

Ветерот долж Повардарието ќе засилува и во среда.

Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и грмежи, а потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Актуелните временски услови со променлива облачност и врнежи се очекува да ја зголемат влагата во почвата која им е неопходна на житните култури, овошните видови и виновата лоза. Агрометеоролозите препорачуваат земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата на посевите.

Неопходно е, додаваат, да се расчистат и одводните канали за полесно одлевање на површинските води.

-Под влијание на серија влажни бранови времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка. Ваквите временски услови, со нови врнежи од дожд, се очекува да ја подобрат состојбата на влага во почвата, која е потребна кај житните култури, кај овошните видови, кај виновата лоза. Обезбеденоста со вода е многу важен услов за нормален раст и развој кај сите култури. Исто така и есенските посеви продолжуваат со развој за што им е потребна висока влага. Водата исто така е неопходна и за останатите култури, поради нивниот интензивен развој има и поголема потрошувачка на вода, велат агрометеоролозите од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот