Владините сили презедоа контрола од талибанците врз област во северозападен Авганистан – Слободен печат
ВестиПланета

Владините сили презедоа контрола од талибанците врз област во северозападен Авганистан

Талибанците последниве месеци ги засилија нападите врз авганистанските сил

Авганистанските безбедносни сили презедоа контрола од талибанските бунтовници врз областа Арганџ Хав во северозападната провинција Бадахшан, соопшти денеска портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Насрат Рахими.

Тој, како што јави ДПА, информира дека во операцијата, што започнала во саботата, загинале 12 припадници на авганистанските сили, како и најмалку 14 талибанци.

Талибанскиот портпарол Забиулах Муџахид меѓутоа ги негираше тврдењата дека талибанците биле потиснати од Арганџ Хав. Според него, талибанските борци самите се повлекле, носејќи ја со себе целата воена опрема што ја затекнале при освојувањето на областа.

Во исто време, портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, Каис Мангал соопшти дека талибанците нападнале воена база во областа Хашрод во северозападната провинција Нимруз.

Според Мангал, при нападот загинале тројца авганистански војници, а шестмина биле повредни.

Мангал тврди дека при борбите околу базата биле убиени 34 талибанци, а 10 други биле ранети.

Талибанците последниве месеци ги засилија нападите врз авганистанските сили и покрај преговорите што ги водат со САД за прекин на огнот и за постигнување политичко решение за конфликтот во Авганистан, што трае речиси две децении.

Според Меѓународната кризна група, цел на ваквите напади на талибанците е зајакнување на нивните преговарачки позиции во текот на разговорите со американските претставници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close