Владимир Чадиковски можен кандидат за градоначалник за Скопје, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Миа

Доктор Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ е токму Чадиковски, објавува ТВ21.

Според информациите Чадиковски имал добар рејтинг според последните анкети направени од неколку агенции.

Дополнително, Чадиковски би поминал добро и меѓу албанските гласачи, а според изборите доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да договори коалиција со Алијанса за Албанците и Алтернатива за локални избори, во тој случај Чадиковски би бил следниот градоначалник на Скопје, покажуваат анкетите, пишува ТВ21.

Д-р Чадиковски реагира на написите на ТВ21: Не се кандидирам за скопски градоначалник

Инаку, од СДСМ и ДУИ веќе неколку пати изјавуваат дека можен е заеднички нивен настап за локалните избри.

СДСМ и ДУИ „заедно“ и на локалните избори?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот