Владејачките социјалдемократи на Финска го поддржаа членството во НАТО

Фински парламент/ Фото BERND VON JUTRCZENKA / AFP / Profimedia

Владејачките социјалдемократи во Финска го поддржаа пристапувањето на земјата во НАТО, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на партијата по специјалниот состанок.

Со овој потег, Финска е чекор поблиску до пристапување во НАТО, откако претседателот Саули Нинисто и премиерката Сана Марин ја изразија својата поддршка минатата недела.

Одлуката на социјалдемократите значи дека во финскиот парламент има големо мнозинство кое се залага за влез во НАТО, што е одлука донесена од владата, но бара и одобрение од целиот парламент.

Марин ја повтори својата поддршка за влез во НАТО за време на говорот пред партиските претставници во саботата, велејќи дека Русија покажала дека не ги почитува меѓународните договори, пишува Yle. Таа додаде дека од тоа може да се извлече само еден заклучок, а тоа е дека е време за влез во НАТО.

Финска би можела да објави одлука дали да се приклучи на НАТО уште утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот