Владата на Белгија го претстави планот за борбата против криминалот

Владата на Белгија го претстави својот долгоочекуван план за борба против зголемениот организиран криминал кој вклучува зајакнување на полициските сили, царината и судството и давање поголема моќ на локалните власти да дејствуваат на терен, пренесува ЕУрактив.

По повиците за поголемо вклучување од федерално ниво, владата ги претстави новите мерки пред градоначалниците на поголемите градови во земјата.

„Мораме да застанеме заедно“, рече премиерот Александар де Кро, додавајќи: „Вложуваме повеќе ресурси и даваме повеќе овластувања на локалните власти. Добрата соработка е клучна“.

„Повеќе од кога било, борбата против организираниот криминал е колективна“, рече Де Кро, истакнувајќи дека целта е да се зајакнат консултациите „помеѓу различните нивоа на мониторинг и дополнително да се зајакне мултидисциплинарниот пристап на федералните служби“.

Брисел и Антверпен се појавија како градови со особено загрижувачки стапки на криминал во Белгија.

Фокусот треба да биде на „двата големи града“, вели градоначалникот на Антверпен Барт Де Вевер, чиј град стана центар за шверц на кокаин според извештајот на Европол од 2021 година.

Во меѓувреме, планот содржи и превентивни мерки за помош на нелегалните корисници на дрога.

„Ние сме цврсто посветени на широка политика која мора директно да ги таргетира проблематичните корисници на дрога“, се вели во соопштението на владата.

По средбата, градоначалникот на Намур, Максим Прево, рече дека „федералната влада се чини дека конечно ги слушна повиците што градоначалниците веќе неколку месеци ги испраќаат за проблемите што се среќаваат во урбаните центри поради дрогата“.

Пол Магнет, градоначалник на Шарлроа, исто така, го пофали владиниот план за „давање во вистинска насока“, но предупреди дека „секогаш е потребно извесно време. Ангажирање полицајци, повторно назначување судии слично, тоа не се прави веднаш“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот