Владата ќе ги убедува наставниците да не штрајкуваат

Синдикатот за образование, наука и култура остави рок од 15 дена за власта да им ги зголеми платите, а покачувањето да важи од први јануари. Власта, ден откако СОНК најави штрајк за 11 ноември, со став дека штрајкот не е решение.

Премиерот Зоран Заев очекува преку дијалог да се најде решение за барањата на вработените во образованието, за да нема штрајк.

– Верувам дека ќе се најде решение, треба да имаат разбирање. Ќе напоменам, ние како Влада, двпати ги зголемивме платите. Во 2018 за 5 отсто, во 2019 уште 5 отсто во октомври. Понудивме решение за мартовската плата кое ќе се исплати во април и тоа е сериозно решение. Сите сакаме, ако го можеме тоа, до 100, до 200 отсто зголемување, но капацитетите мора да бидат разбирливи за сите – изјави Заев.

Ресорниот Министер, Арбр Адеми најави дека од понеделник ќе ги покани претставниците на синдикатот на средба за да разговараат околу барањата. Тој, исто како премиерот е оптимист дека нема да се штрајкува.

Адеми: Ќе ги поканиме СОНК на нови разговори

Од СОНК вчера информираа дека за членството е неприфатлива владината понуда за 10 отсто зголемување на платите на наставниците во основното, средното и високото образование од април 2020 година.

Наставниците нема да примаат деца, родители снаоѓајте се од 11 ноември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот