СОНК оди на генерален штрајк

На денешната седница на Советот на СОНК беше истакнато дека на 11 ноември годинава е најавен генерален штрајк. Од таму нагласуваат дека даваат 15 дена период на помирување. СОНК бара да се зголеми платата повеќе од 10 отсто и да биде тоа од први јануари, а не од април како што беше најавено.

На СОНК зголемувањето на платите во образованието му беше предложено на 8 октомври на средба во Владата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Адеми со лидерот на СОНК, Јаким Неделков.

Синдикатот соопшти дека ќе одговори откако ќе ги добие мислењата од членството преку нивните регионални организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот