Владата бара нов увид и виузелен приказ за дивоградбите во Стара скопска чаршија

чаршија
Фото/ Драган Митрески

Владата не го прифати  Извештајот за дивоградбите во јадрото на Старата скопска чаршија, што го подготви Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, и му наложи да изврши нов увид на бесправно доградените објекти.

На вчерашната седница во врска со таа точка Владата  ја задолжила Агенцијата за катастар да достави визуелен приказ на заштитеното јадро и да ги маркира објектите за кои постои сомневање дека се бесправно доградени.

На  седницата е разгледана и усвоена информацијата за извршен инспекциски надзор на изградба на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, како и информација за преземените активности на овластените градежни инспектори за тие подрачја, на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот