Влада: Утврден е договор за грант од САД во висина од 8,2 милиони долари

Фото: МИА

Владата на денешната 68 седница ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

Договорот за грант во висина од 8.258.792 американски долари е наменет за зајакнување на економска конкурентност, на проекти за зголемен придонес на младите во општеството, како и за проекти за сузбивање на корупција преку зголемена отчетност на јавниот сектор и со зајакнување на културата на отчетност кај граѓаните.

На оваа седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за градежно земјиште.

Со новото предложено решение им се овозможува на компаниите погодени од кризата произлезена од заразната болест КОВИД-19 ослободување од договорните обврски/казни (плаќање пенали) за договорите за отуѓување или давање под долготраен закуп по пат на јавно наддавање и анексите потпишани со единиците на локалната самоуправа заради објективна спреченост да ги реализираат градежните активности.

На 68-та седница Владата го разгледа и прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Република Чешка и Министерството за одбрана на Македонија и Министерството за внатрешни работи за техничка соработка за работи поврзани со ремонтот на транспортните хеликоптери со кои располагаат двете министерства и на кои во наредниот период треба да се изврши сервисирање, односно ремонт, се наведува во соопштението од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот