Вкусни и нискокалорични – мини тартови со печурки и пармезан

Фото: Unsplash

Печурките се една од најдобрите опции кога сакаме да подготвиме лесни, здрави и ниско калорични рецепти. Тие се секогаш застапени во здравствените препораки, а тоа се должи на нивната висока нутритивност во комбинација со исклучително малиот број калории кои ги содржат.

Состојки:

– 600 грама шампињони
– 200 грама изрендан пармезан
– 350 грама брашно
– 400 грама путер
– 1 јајце
– 1 жолчка
– 20 грама сол
– 2 чешниња лук
– 200 грама кромид
– 0,5 грама црвен пипер
– 1 гранче свеж магдонос

Подготовка:

Во подлбок сад ставете ги брашното, 250 грама од путерот, јајцето, жолчката и 10 грама сол и замесете тесто. Поставете го тестото на парче проѕирна фолија, па прекријте го со друго парче и потоа развлечете го сè дур не дојде на дебелина од 3-4 милиметри. Намачкајте ги калапите со големина од 8-11 сантиметри со путер (околу 50, 60 грама), и исечкајте го тестото на парчиња што ќе бидат околу 2 сантиметри поголеми од калапот. Пополнете ги калапите, покријте со алуминиумска фолија и печете 15-тина минути на 180 степени.

Во меѓувреме, тенко исечкајте ги кромидот и лукот, како и печурките. Пропржете ги на путер, и потоа зачинете со солта и црвениот пипер. Извадете ги тарт – калапите од рерна, тргнете ја алуминиумската фолија, ставете го сосот што го добивте и вратете ги во рерна на уште 4-5 минути.

Пред послужување просипете пармезан и декорирајте со листови свеж магдонос.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот