ФОТО | Вин Дизел со „домаќински“ стомак: Каде исчезнаа совршено дефинираните мускули на актерот?

Фото: Profimedia

Вин Дизел гордо го претстави своето „опуштено“ тело во текот на викендот, на кое веќе нема ни трага од дефинирани мускули на кои сме навикнале во изминатите десет години.

Актерот викендот го помина дружејќи се со својата девојка Палома Хименез, но и со Зои Салдана и нејзиниот сопруг Марко Перег, на нивната луксузна јахта во Портофино, Италија.

Фото: Profimedia

Дизел шеташе околу јахтата во црни гаќи за капење и се чини дека не се грижеше многу за папараците кои го фотографираа. Некогаш силното и мускулесто тело, сега е бледо минато. Сепак, тоа не е проблем за актерот и неговата самодоверба.

Фото: Profimedia

Претходно, за време на разговор со американските медиуми, актерот изјавил дека за кратко време решил да направи пауза од здрава исхрана и вежбање помеѓу улогите бидејќи бил далеку од камерата и не се грижел.

Фото: Profimedia

Дизел, исто така, признал дека успеал повеќе да не го засегаат негативни коментари за неговото тело.

„Веќе со децении наназад го имав најубавото тело во Њујорк. Денес, ме нарекуваат дебел. Не гледам ништо лошо во тоа. Како прво, неколку месеци не треба да глумам, па можам да се опуштам малку“, истакнал Дизел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот