Викторија и Дејвид Бекам / Фото: EPA / Printskrin / Instagram

Викторија Бекам повторно шокира: „Ме мереа на телевизија откако се породив, а чоколадо не сум пробала од 90-тите години…!

Модната креаторка Викторија Бекам повторно ги шокираше обожавателите. Во документарецот на Нетфликс, таа откри детали за својата децениска борба со нарушувањето во исхраната. Како што истакна Викторија, поради него изгубила секакво чувство за реалноста, а сето тоа по распадот на „Спајс грлс“ во 2000 година.

– Кога имате нарушување во исхраната, станувате многу добри во лажењето, а јас никогаш не бев искрена за тоа со моите родители – започнала Викторија.

– Јас никогаш јавно не зборував за тоа. Навистина те погодува кога другите ти велат дека не изгледаш доволно добро. Претпоставувам дека тоа ќе ме следи цел живот – продолжила Бекам.

Членката на поранешната група „Спајс грлс“, позната како Пош Спајс, признала дека ја погодуваат и натписите што излегуваат поврзани со нејзиното тело генерално.

– Бев сè, од Порки Пош до Скини Пош. Мислам, знаете, има многу такви прекари и тоа е тешко. Немав контрола врз тоа што се пишуваше за мене, како и за фотографиите што ги снимаа. Можев да ја контролирам својата тежина, а ја контролирав на неверојатно нездрав начин – истакнала Викторија.

Таа, исто така, се присетила и на мерењето на вага на националната телевизија во 1999 година, само шест месеци откако го родила своето прво дете, синот Бруклин, кое го добила со сопругот Дејвид.

– Дури и денес, сè уште се смееме и се шегуваме на таа тема, но јас навистина бев премногу млада – рекла Викторија, на што и Дејвид се приклучил во разговорот.

– Луѓето мислеа дека е во ред да се критикува жена поради нејзината тежина, а на телевизија се случуваа работи што веројатно не би биле нормални за луѓето денес.

Викторија признала дека токму тогаш почнала да се сомнева во себе и чувствувала дека самата себе си е грда, како и дека почнала да губи секакво чувство за реалност. Набрзо станала сè покритична кон себе, затоа што не ѝ се допаѓало како се гледала себеси во огледалото. Претходно, извори блиски до модната дизајнерка потврдија за „Пејџ сикс“ под колку голем притисок била.

– Изгледот на Викторија и нејзината тежина беа под голема контрола, мислам дека публиката донекаде ќе разбере низ што поминала – коментирал изворот.

Инаку, поранешната поп-ѕвезда за првпат проговори за своите проблеми во својата автобиографија „Учење да лета“. Иако денес ги усогласила своите навики во исхраната, сепак постои една работа што ја избегнува.

– Не сум допрела чоколадо од 90-тите – открила таа кога Дејвид ја прашал дали сака парче.

За потсетување, серијата премиерно почнува денеска, а приказната ја следи пејачката која стана дизајнерка додека се подготвува за модната ревија во Париз. Покрај тоа, приказната се врти околу Ана Винтур, Ева Лонгорија, Том Форд и Донатела Версаче. Претходно, во 2023 година, Нетфликс емитуваше документарна серија за Дејвид, која зборуваше за својот професионален и приватен живот.

ВИДЕО | Викторија Бекам се отвори за проблемите во модниот бизнис во новиот документарец на Нетфликс: „Плачев секој ден“

Викторија Бекам одлучи да каже „доста“ на конфликтите со најстариот син Бруклин: „Време е …“

ВИДЕО | Викторија Бекам „уловена“ без градник во Њујорк пред премиерата на нејзиниот документарец на Нетфликс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот