ВИКЕНД ХОРОСКОП: Слатки тајни, љубовни проблеми, остварување на очекувањата

Пред нас е продолжен викенд во кој најголем дел од хороскопските знаци дефинитивно ќе уживаат.

Прочитајте што ви носат вас ѕвездите:

ОВЕН

Ако вашата работа е поврзана со странство, искористете го овој викенд за темелно да ги разгледате сите можности и да скроите добри планови. Сакате да влезете во мистериозна и тајна врска.

БИК

Секогаш покрај себе држете ги личностите на кои им верувате. Ако се дружите и приватно со некој од колегите, овој викенд можете да се впуштите во интересна прослава, без особен повод.

БЛИЗНАЦИ

Работата ви е мирна и стабилна, но на емотивно поле сте несигурни и пријателските расположенија ги толкувате како флерт. Разграничете ги тие две нешта, за да не бидете манипулирани.

РАК

Многу сте вознемирени, а тоа е само поради вас самите и ситуацијата во која се ставивте. Викендов ќе биде мирен, но веќе од понеделник ќе морате да ги разрешувате отворените прашања едно по едно.

ЛАВ

Ситуацијата на работа е монотона, но вие и понатаму се трудите да бидете доследни на својата професионалност. Во следниот период се можни средби кои врз вас ќе остават убав впечаток.

ДЕВИЦА

Постара личност од вашето опкружување ќе ви помогне пореално да ги согледате нештата. Не размислувајте за минатото, бидејќи не ви носи ништо добро. Посветете се на оние кои знаат да ги исполнат вашите очекувања.

ВАГА

За сè треба да имате промислена стратегија, за да можете да дојдете до вистинското решение. Сакате да се вљубите, но овој викенд е најдобро да го поминете со семејството и со пријателите.

СКОРПИЈА

Своето незадоволство не го покажувајте пред луѓето кои не се должни за тоа, бидејќи само си ја отежнувате ситуацијата и дома и со пријателите. Внимавајте и на саканата личност, врската може да падне во криза.

СТРЕЛЕЦ

Промените кои ви се случија го обземаат целото ваше внимание. Но, викендов ќе биде доста мирен и стабилен. Искористете го за да ги дефинирате своите цели, желби и очекувања.

ЈАРЕЦ

Ќе добиете понуда за дополнителна заработувачка. Прифатете, бидејќи тоа ќе ви донесе и контакти и познанства. Склони сте кон повлекување во себе, а монотоната љубовна ситуација уште повеќе придонесува за тоа.

ВОДОЛИЈА

Имате шанса вие да „потегнете“ значајни контакти и да си обезбедите подобра позиција на работа. Многу емотивно реагирате на зборовите на партнерот и имате впечаток дека сака да доминира над вас.

РИБИ

Целосната ситуација на работното место се менува на подобро. Имате поддршка од сите околу вас. Многу сте самокритични, а викендов е одличен за да се преиспитате дали има потреба од сето тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот